Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, вечерва се приклучи на хуманитарната акција на Канал 5 телевизија за помош на настраданите од пожарот во Кочани.

„Кочани е наша рана, Кочани сме сите ние и во ова сме заедно,“ порача Ѓорѓиевски, изразувајќи длабоко сочувство до семејствата погодени од трагедијата.

Тој ги повика граѓаните да се вклучат во акцијата со јавување на телефонскиот број 02 30 91 560 или со донации преку бројот 143 400 и жиро-сметката на Црвениот крст.
„Во вакви моменти, најважно е да останеме обединети и да си помогнеме едни на други. Посакувам брзо закрепнување на повредените,“ додаде Ѓорѓиевски.