Во Појасот Газа, Палестинците продолжуваат со протестите против терористичката група Хамас, извикувајќи „Хамас се терористи“. Протестите, кои траат веќе трет ден во северниот дел на Газа, се насочени против продолжувањето на конфликтот и разурнувањата предизвикани од војната.
Портпаролот на Хамас, Басем Наим, изјави за катарскиот канал „Ал Араби“ дека протестите против војната не се неочекувани, но нагласи дека тие всушност се насочени против Израел. Според него, оние кои протестите ги опишуваат како антивладини, всушност работат во корист на странски интереси.
Демонстрациите се одржуваат во градовите Беит Лахија, Шеџаија и Џабалија, каде што учесниците повикуваат на крај на војната и бараат Хамас да се откаже од контрола врз Газа. Протестантите носат транспаренти со натписи како „Сопрете ја војната“, „Сакаме да живееме во мир“, и „Хамас надвор!“.
Потсетуваме,на 7 октомври 2023 година, Хамас изврши напади на јужен Израел, што доведе до почеток на војната. Хамас бара формирање на независна Палестина со Ерусалим како главен град и ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори.