Израелските власти побараа од претседателот на Република Српска, Милорад Додик, да ја напушти конференцијата за антисемитизам во Ерусалим, откако беше распишана меѓународна потерница против него, известуваат израелските медиуми.
Според написот во израелскиот весник „Израел Хајом“, кој го пренесоа сараевските медиуми, властите на Израел му ставиле до знаење на Додик дека не е добредојден на настанот, што го принудило да го напушти местото на одржување на конференцијата.
Додик потврдил за „Џерусалим пост“ дека ја напуштил конференцијата и во разговор за „Н1 Сараево“ рекол: „Дојдов во Израел за да зборувам против антисемитизмот. Наместо тоа, се чувствував како натрапник“.