Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, истакна дека еден член на музичката група ДНК е меѓу осомничените за страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој е осомничен за внесување и употреба на пиротехнички средства.
„Еден од членовите на бендот е осомничен за внесување и користење на пиротехнички средства. Според сомнежите, членовите на бендот околу 02:32 часот, како дел од сценскиот настап и ефекти, ги активирале пиротехничките фонтани, кои исфрлале искри во правец на плафонот над сцената. Од искрите веднаш се опожарил кровниот дел од објектот, а пожарот се проширил низ целиот објект“, изјави Коцевски.