ПРВ.мк

Ѓорческа е во одлична форма: Во Марибор ќе игра и полуфинале!

Ѓорческа е во одлична форма: Во Марибор ќе игра и полуфинале!
VERO Banner

Македонската најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, со победа од 2:0 во сетови ја совлада Грузијката Мариам Болквадзе и обезбеди место меѓу најдобрите четири на турнирот од В75 серијата во Марибор.

По елиминацијата на Французинката Џесика Покет, која беше четврта носителка и значително подобро рангирана од Ѓорческа, денес македонската тенисерка влезе како фаворит во својот меч против Грузијката. Првиот сет го доби со 7:5, а во вториот сет прикажа уште подобра игра, освојувајќи го со 6:3 за конечни 2:0.

За место во финалето, Ѓорческа ќе се соочи со победничката од дуелот помеѓу Јуван од Словенија и Ружиќ од Хрватска.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран