На патот Штип-Кочани, денеска околу 13:00 часот се случила сообраќајна незгода во која се повредени тројца припадници на Армијата на Република Македонија. Во инцидентот учествувало армиско возило „Ленд Ровер Дефендер“, кое било удрено од цивилно возило во задниот дел, објави „Независен“.
Тројцата војници со полесни повреди биле пренесени во болницата во Кочани за понатамошни медицински прегледи. Според информациите од Армијата, возилото учествувало во редовни планирани активности, во овој случај смена на стража, кога се случил инцидентот.
На местото на несреќата се пристигнати припадници на МВР и Воената полиција, кои извршуваат увид и го испитуваат случајот.