ПРВ.мк

Управителот Карадакоски всушност бил шанкер, вистински газда бил Деко: Дискотеката Пулс има еден сопственик на хартија, а друг во реалноста

Управителот Карадакоски всушност бил шанкер, вистински газда бил Деко: Дискотеката Пулс има еден сопственик на хартија, а друг во реалноста
VERO Banner

Управителот Александар Карадакоски, кој сега се наоѓа на лекување во Литванија, всушност бил шанкер, додека вистинскиот газда на дискотеката „Пулс“ бил Дејан Јованов – Деко, објави емисијата КОД во своето најново издание.

Како што се наведува, во јавноста постоела дилема околу вистинскиот сопственик на кабарето „Пулс“. Иако Карадакоски официјално фигурира како сопственик на фирмата ММММ Кафе, која ја поседува спорната лиценца за „Пулс“, во реалноста управувањето го водел Дејан Јованов – Деко, кој бил поврзан со фирмата Класик се до нејзиниот стечај во 2023 година.

Во последните денови беше објавено дека Карадакоски е еден од десетиците повредени кои биле пренесени на лекување во странство, а тој е меѓу четирите пациенти кои се упатени во Литванија.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран