Во Белград почина д-р Светлана Броз, внука на Јосип Броз Тито, истакната писателка, кардиолог и активистка за човекови права.
Светлана Броз беше позната активистка за човекови права и автор на култната книга „Добри луѓе во време на злото“, која има седум изданија и е преведена на шест јазици. Покрај неа, автор е и на книгите „Јас имам храброст“, „Праведниците на Руанда помеѓу заборавот и помирувањето“ и многу други.
Таа предавала на 52 американски универзитети и на 80 универзитети во Европа.
Светлана Броз беше почесен граѓанин на Тузла (БиХ) и носител на бројни награди, вклучувајќи Национален орден за заслуги на Франција, L’Ambrogino d’Oro и La Bussola dell’ Educazione „Margherita Zoebeli“ од Италија. Беше прогласена за Праведник во Светскиот парк на праведните во Милано.
Кремирањето ќе се изврши на 26 март во 14:15 часот на Новите гробишта во Белград.