На 22 и 23 март 2025 година, на територијата на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово, полициските службеници лишиле од слобода вкупно 17 лица поради основано сомнение за сторено кривично дело согласно член 387 од Кривичниот законик, односно поради непочитување на владината одлука за седумдневна жалост.
Во Скопје, приведени се едно малолетно лице и управител на угостителски објект. Во Прилеп, приведени се 12 лица, од кои едно е малолетно. Во Кичево е приведен сопственик на угостителски објект, а во Куманово се приведени два лица – менаџер и управител на угостителски објект.
По комплетирање на истрагата, против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти Министерството за внатрешни работи.