Придружниот вокал на групата ДНК и една од тројцата преживеани членови во страшниот пожар, професорката Ана Костадиновска, по трагедијата во која ги загуби своите најблиски пријатели и драги колеги, повторно се огласи на својот Фејсбук профил.
Ана добива многу пораки на поддршка од своите најблиски пријатели, колеги и соработници, но и од учениците кои ја обожаваат како професорка. Една од пораките која ја добила беше рачно напишана од двајца ученици, кои заедно со желбата за брзо опоравување ѝ испратиле и подарок. Пораката, која Ана ја објави, гласи:
„Драга професорке! Ви посакуваме брзо опоравување и се надеваме дека што поскоро ќе ја вратите насмевката на лицето. Ве сакаме, Илија и Драгана.“
Професорката им возврати на своите ученици со емотивен одговор:
„Вие сте мојата насмевка и сила. ВЕ САКАМ, деца мои.“