Поранешниот македонски репрезентивец Дени Масев пред една недела завршил во притвор, информира „Слободен печат“.
Извори за „Слободен печат“ потврдуваат дека Масев во моментов се наоѓа во притвор, а според неофицијалните информации, тој се поврзува со групата на Раде Трајковски – Штекли, кој беше уапсен на почетокот на годинава под сомнение за трговија со дрога.
Масев беше разрешен од ФФМ во октомври минатата година од страна на претходното раководство, но на почетокот од јануари оваа година повторно беше именуван за директор на А-репрезентацијата на Македонија. Сепак, по акцијата на МВР во која бил притворен, како што дознаваме, Масев сега повторно е разрешен од функцијата спортски директор на А-репрезентацијата, воопшто не приклучувајќи се ниту на актуелниот собир на националниот тим.
Како што пренесува „Слободен печат, засега нема официјални информации од Обвинителството за што точно е осомничен Дени Масев.