ПРВ.мк

Седмата носителка во маратонски меч поуспешна од Ѓорческа во Мурска Собота

Седмата носителка во маратонски меч поуспешна од Ѓорческа во Мурска Собота
VERO Banner

По успешниот настап и полуфиналето на ИТФ фјучрсот во Марибор претходната недела, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа оваа недела беше пријавена за настап на уште еден турнир од истиот ранг W75 со награден фонд од 60.000 долари. Сепак во денешниот меч од првото коло седмата носителка Мано Леонар од Франција оствари победа од 2-1 во сетови (67(4) 75 62) за два часа и 49 минути игра.

Почетокот на мечот и припадна на ривалката која поведе со 3:0 во гемови во првиот сет, но македонската тенисерка успеа да стигне до изедначување од 3:3. Во 10.тиот гем Ѓорческа успеа да спаси и сет топка, а потоа во тај брејкот по 3:3 на поени со серија од 4-1 стигна до водство од 1-0 во сетови. На стартот од вториот сет имаше по два брејка за секоја од тенисерките, а по 3:3 во гемови повторно имаше пет брејка и Французинката Леонар поведе со 6:5, а потоа го доби гемот на свој сервис за 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет по 2:2 во гемови по 12 одиграни поени го загуби гемот на свој сервис и противничката поведе со 3:2 во гемови, а до крајот имаше серија од три гема за 6:2 во тертиот сет и 2-1 во сетови.

Со полуфиналето на претходниот турнир во Марибор, Лина Ѓорческа освои 29 поени, а следната недела ја очекува настап на турнир во Франција во градот Нант.

Настап оваа недела на ИТФ фјучрс W15 во египетскиот град Шарм Ел Шеик имаше и Магдалена Стоилковска. Таа не успеа да се пласира во главниот турнир откако денеска во финалето од квалификациите загуби од Марија Шмакова од Русија со 2-0 во сетови (63 61). Во првиот меч од квалификациите постигна победа од 2-0 (62 62) против Милана Цулигина од Русија.

Двете тенисерки заедно со Ана Митевска и Јана Божиновска се пријавени за настап за македонскиот национален тим во Били Џин Кинг купот. Македонија се натпреварува во Втората Евро-африканска зона. Мечевите оваа година ќе се играат во Ларнака, Кипар.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран