Вечерва, во 59. минута од натпреварот помеѓу Македонија и Велс на Националната арена „Тодор Проески“, присутните на трибините изразија емотивна почит кон жртвите од трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Со громогласен аплауз, навивачите и фудбалерите ја почитуваа болката на семејствата и пријателите на настраданите.
Францускиот судија Жером Брисар го прекина мечот, дозволувајќи на играчите да се приклучат на аплаузот на навивачите, создавајќи една од најтажните и најемотивните сцени во спортската историја на Македонија.
Со овој чин, не само што беше изразена солидарност, туку и Раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука сите приходи од натпреварот да бидат донирани за помош на семејствата на жртвите и настраданите во трагичниот инцидент.