Соединетите Американски Држави преместиле најмалку четири бомбардери со долг дострел Б-2 во базата Диего Гарсија во Индискиот Океан, со што ги донесоа во дострелот на Иран и Јемен, според анализата на сателитски снимки.
Три бомбардери беа видени во базата претходно оваа недела, а според информациите на јавниот сервис, овие стратешки преместувања им овозможуваат на бомбардерите да бидат во домет на Иран, објави АП.
Ова претставува четвртина од сите бомбардери Б-2 со нуклеарни способни во американскиот арсенал сега распоредени во оваа база, соопшти агенцијата.
Белата куќа минатата година употреби бомбардери Б-2 со конвенционални бомби за напад врз цели на Хутите во Јемен, додека носачот на авиони УСС Хари С. Труман веќе изврши напади врз Хутите од Црвеното Море.
Исто така, од Азија на Блискиот Исток планирано е да пристигне и носачот на авиони „USS Carl Vinson“.