ПРВ.мк

ВИДЕО: Милорад Додик откри каде се наоѓа

ВИДЕО: Милорад Додик откри каде се наоѓа
Jumbo Banner

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за кого судот на БиХ распиша централна потерница, пристигна во Москва, од каде се обрати до јавноста преку видео порака на социјалната мрежа Х.

„Пристигнав во Москва. Секој престој овде го започнувам со посета на Споменикот на непознатиот војник, за да им оддадам почит на 28 милиони Руси кои загинаа во Втората светска војна. Ќе бидам повторно тука на 9 мај, на покана од претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, за да ја одбележам 80-годишнината од победата над фашизмот“, напиша Додик, објавувајќи видео.

Како што пренесува N1 Сараево, освен Додик, потерница е распишана и за Ненад Стевандиќ, претседател на Народното собрание на Република Српска, и Радован Вишковиќ, премиер на Република Српска, кои се осомничени за напад на уставниот поредок на БиХ.

Се чека одлуката на ИНТЕРПОЛ за издавање црвена потерница за Додик и Стевандиќ, кои влегле и излегле од БиХ. Стевандиќ бил во Белград, па потоа се вратил во Бања Лука, додека Додик патувал од Бања Лука, преку Белград и Израел, пред да отпатува за Москва.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран