На 1 април 2025 година (вторник), поради планирани зафати, одредени делови од Тетово и тетовско ќе останат без струја во различни временски интервали.
Прекините ќе се случат на следните локации:
• Дел од град Тетово, објекти позади „Молика“ – од 09:00 до 12:00 часот
• Дел од улицата К.Ј. Питу (Саат Маало) – од 09:00 до 14:00 часот
• Село Слатино (централен дел) – од 09:00 до 14:00 часот
• Дел од улица Љубљо Божиноски-Пиш – од 09:00 до 14:30 часот
Граѓаните се замолуваат да ги планираат своите активности согласно овие прекини.