Предмет на јавниот повик е доделување на финансиски средства на младински организации и организации за млади за спроведување на проекти и активности за младите од Општина Битола за 2025 година.
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Битола согласно Програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општина Битола за 2025 година во висина од 550.000,00 денари (петстотини и педесет илјади) се врши преку грантови за проекти за млади.
Јавниот повик ќе трае 10 (десет) работни дена, сметано од денот на објавувањето заклучно со 14 април 2025.
Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/proekti-za-mladi/.