ПРВ.мк

Општина Битола со засилени контроли: Управителите на зградите задолжени да ги отстранат недостатоците

Општина Битола со засилени контроли: Управителите на зградите задолжени да ги отстранат недостатоците
Jumbo Banner

Општинскиот инспекторат на Битола спроведе вонредни контроли на колективните станбени згради со цел проверка на исполнетоста на законските обврски за безбедност и одржување. По налог на градоначалникот, инспекторите извршија увид во состојбата на објектите, при што управителите и станбените сервиси добија задолженија да ги отстранат сите недостатоци во најкус можен рок.

Според податоците, од вкупно 640 згради на територијата на Битола, 590 се под управување на станбените сервиси, додека за останатите се утврдува фактичката состојба. Од 590 објекти:

• 347 згради имаат хидрантска мрежа, но само 22 од нив поседуваат и противпожарни апарати.

• 243 згради воопшто немаат хидрантска мрежа и противпожарна опрема.

ELS

• Само 4 згради имаат план за евакуација.

По извршените контроли, управителите добија задолжение да ги отстранат недостатоците, што вклучува поправка и замена на хидранти, набавка и редовно сервисирање на противпожарни апарати, одржување на противпожарни скали, како и поправка на фасадите и лифтовите.

Извештајот за констатираната состојба е испратен до Државниот комунален инспекторат, кој ќе продолжи со надзор и преземање на дополнителни мерки.

Дополнително, контролите спроведени во училиштата и детските градинки покажаа дека овие установи се безбедни, опремени со противпожарна опрема и обучени вработени. Онаму каде што е потребно дополнување на опремата, тоа ќе биде извршено најдоцна до средината на месецов во координација со надлежните институции.

Со оваа акција, Општина Битола испраќа јасна порака за зголемување на безбедноста во колективното домување и унапредување на условите за живеење.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран