Денеска, Мјанмар повторно беше погоден од земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала, само еден ден по разорниот потрес кој ја погоди земјата со интензитет од 7,7 степени. Овој нов земјотрес, кој ја потресе земјата во момент кога тие се уште се опоравуваат од претходниот, дополнително ја влоши ситуацијата.
Епицентарот на земјотресот бил на 19 километри југозападно од главниот град Неј Пи Тав, а потресот се случил на длабочина од 35 километри под површината на земјата. Иако овој земјотрес бил послаб од претходниот, неговите последици сепак доведоа до нови оштетувања и дополнителни стравови меѓу населението.
Според последните извештаи, бројот на загинати лица веќе достигна најмалку 1000, а бројот на повредени продолжува да расте. Многу области во земјата се сè уште под рушевини, а спасувачките екипи се на терен во обид да ги пронајдат преживеаните. Потресите ја погодија и инфраструктурата, што го отежнува пристапот до погодените региони.
Мјанмар се соочува со огромен хуманитарен предизвик, а владини и меѓународни организации веќе почнаа со испраќање помош, иако пристапот до некои од најтешко погодените области сè уште е ограничен поради оштетените патишта и инфраструктура. Врз основа на досегашните податоци, се очекува дека бројот на жртви ќе продолжи да расте додека спасувачките напори продолжуваат.