Ако вашиот партнер ве буди во текот на ноќта со рчење или постојано се открива, не мора веднаш да размислувате за раскинување или развод.
Според експертот за врски, Џенифер Адамс, во таков случај би било корисно да размислите за спиење во одвоени кревети, што може да донесе значителни придобивки за вашата врска.
„Ако уживате да спиете заедно со вашиот партнер, тоа не значи дека љубовта помеѓу вас е поголема од паровите кои спијат одвоено. Илјадници парови секоја вечер спијат во различни кревети или дури во различни соби, а сепак имаат здрави и среќни врски, бидејќи се наспиваат добро“, вели Адамс во својата книга Sleeping Apart, Not Falling Apart.
Џенифер Адамс ја поддржува својата изјава со бројни истражувања кои откриваат поврзаност помеѓу проблемите со спиењето и тешкотиите во врската. Таа дури и самата спие одвоено од својот сопруг, со кого е во брак веќе 15 години. Според неа, оваа пракса е многу почеста отколку што луѓето мислат, но сè уште се смета за табу, иако може да има значителни користи за врската.
„Кога лежите во мракот и не можете да заспиете поради рчењето на вашиот партнер, во вас можат да се појават чувства на фрустрација, лутина, па дури и омраза, што со време може да го наруши вашиот однос. Затоа е важно да разговарате со партнерот ако одлучите да спиете одвоено“, предупредува Адамс.
Таа препорачува ако се одлучите за оваа промена, да му објасните на партнерот дека вашата намера не е да ја оштетите врската или да се оддалечите од него, туку да создадете услови во кои ќе се наспиете добро и ќе функционирате поефикасно како пар.