Масар Омерагиќ, новиот преседател на ФФМ, гостуваше на Daily Click на ТВ 21 и обелодени многу теми поврзани со состојбата во ФФМ. Беше запрашан за состојбата во соблекувалната, македонските лиги, мапирањето на младите таленти, како и лажно креирање тензии на поранешни соработници во ФФМ.
„Добив информација дека на косовската телевизија, лице кое било вработено во ФФМ како надворешен соработник, дека бил и последен портпарол Албанец. Како прво, тоа лице никогаш не било портпарол, туку бил заменик портпарол и бил солидно платен за таа функција, што е заменичка – многу повисоко од платите на одредени вработени во федерацијата.“ објасни Омерагиќ.
„Со лажни изјави, непотребно се пумпа негативна енергија дека се трга некој поради една или друга работа. Тоа е невистинито и како надворешен соработник земал солиден паушал, речиси илјада евра, а да отидеш во соседна држава дека си првиот и последниот што бил на таа функција е невистинито и лажно, и во најмала рака некоректно“ заокружи новиот претседател на ФФМ, адресирајќи ги лажните изјави кои сакаат да креираат раздор во јавноста.
Омерагиќ: Поранешен екс портпарол на ФФМ ширел невистини во Косово




