ПРВ.мк

ВИДЕО Христијан Стојанов – 18-годишниот херој кој спасуваше животи во пожарот во Кочани

ВИДЕО Христијан Стојанов – 18-годишниот херој кој спасуваше животи во пожарот во Кочани
Jumbo Banner

Осумнаесетгодишниот Христијан Стојанов е еден од младите херои на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој храбро и несебично влегол во огнот за да спаси човечки животи.

Христијан, кој е ученик во Средното текстилно училиште во Штип, за штипската телевизија „ТВ Стар“ раскажа за драматичните моменти што ги преживеал вечерта на 16 март.

„Кога го видовме пожарот, се погледнавме со мојот близок другар Давид Симонов и знаевме дека треба да влеземе внатре. Ја натопив маицата, ја ставив на устата и влегов. Се обидувавме да спасиме колку што можеме повеќе луѓе. Им подававме рака на оние кои беа при свест, а оние кои беа онесвестени ги извлекувавме надвор. Имаше луѓе кои не можеа да влезат, но помагаа на повредените надвор“, раскажа Стојанов.

Христијан истакнува дека не правел разлика кого спасува, единствена цел му била да извлече што повеќе луѓе. Тој го истакнува значењето на обезбедувањето кое давало инструкции и му помагало во спасувачката акција.

За жал, некои од неговите блиски пријатели не преживеале трагедијата.

„Денови по пожарот не можев да заспијам од глетките кои ги видов. Во болница во Скопје поминав десет дена, добивав инфузии и кислород, а психолози и психијатри разговараа со нас секој ден“, додава тој.

Сепак, Христијан е горд на тоа што успеал да спаси неколку животи.

„Не очекувам ништо за возврат. Тоа беа човечки животи и тоа ми е доволно“, заклучува младиот херој.

Претходно, за херојските напори во пожарот, сведочеше и 19-годишниот Јован Костадинов.

Видеото може да го погледнете тука

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран