ПРВ.мк

ТИНЕЈЏЕРОТ МЕНШИК ГО ПОБЕДИ ЃОКОВИЌ ВО ФИНАЛЕТО НА МАСТЕРС ТУРНИРОТ ВО МАЈАМИ И ГО СПРЕЧИ ДА ЈА ОСВОИ 100. ТИТУЛА

ТИНЕЈЏЕРОТ МЕНШИК ГО ПОБЕДИ ЃОКОВИЌ ВО ФИНАЛЕТО НА МАСТЕРС ТУРНИРОТ ВО МАЈАМИ И ГО СПРЕЧИ ДА ЈА ОСВОИ 100. ТИТУЛА
Jumbo Banner

Деветнаесетгодишниот чешки тенисер Јакуб Меншик го совлада речиси двојно постариот Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерс турнирот во Мајами. Меншик славеше со 7:6, 7:6 и стана третиот најмлад освојувач на турнирот во Мајами, по Карлос Алкарас и Рафаел Надал. Тој имал само десет месеци кога Ѓоковиќ првпат триумфираше во Мајами во 2005.

Со 37 години, Ѓоковиќ го собори рекордот на Роже Федерер за најстар тенисер кој се пласирал во финалето на Мастерс турнир, но ја испушти шансата да ја освои својата 100. АТП-титула. 

Меншик е уште една ѕвезда во подем во машкиот тенис, а кога сѐ уште бил јуниор, Ѓоковиќ го поканил да тренира со него по Отвореното првенство на Австралија во 2022.

„Новак е причината што денес сум тука“, кажа Меншик по освојувањето на првата титула. 

Почетокот на финалето доцнеше пет и пол часа поради дожд во Мајами, што потоа наметна непријатни услови за игра, на што Меншик се прилагоди побрзо од Ѓоковиќ.

„Тешко ми е да признам, но тој беше подобар од мене. Му посакувам сѐ најдобро понатаму“, кажа Ѓоковиќ.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран