Покиснавме чекајќи го Ноле, напишала е Добројевиќ на Инстаграм.
Станија Добројевиќ го следела во живо мечот на тенисерот Новак во Мајами, каде што оваа старлета и живее.
Ѓоковиќ не успеа да стигне до својот 100. АТП трофеј, бидејќи во финалето на Мастерсот во Мајами беше поразен од Јакуб Меншик со резултат 2:0.
Сепак, имаше голема поддршка, како на стадионот, така и од луѓето пред малите екрани кои искрено навиваа за него.
Поранешната задругарка, Станија Добројевиќ, на Инстаграм сподели интересни моменти од мечот. Ниту дождот не ја спречи да го гледа Ѓоковиќ и да остане да го бодри до крај.
Покиснавме чекајќи го Ноле. Изгубив глас навивајќи и чекајќи ја стотата титула – напишала Станија.
Таа исто така покажа и што се случувало по мечот. Ѓоковиќ, иако малку разочаран поради поразот, сепак давал автограми и разговарал со фанови од публиката.