ПРВ.мк

Хаос на теренот: Тренерот сакаше да нападне судија, па доби класичен нокаут (ВИДЕО)

Хаос на теренот: Тренерот сакаше да нападне судија, па доби класичен нокаут (ВИДЕО)
Jumbo Banner

Неверојатна сцена пристигна од фудбалските терени во Перу, каде судијата стана центар на вниманието.

Инцидентот се случи во 82-та минута од мечот од Купот на Перу помеѓу Спорт Хуакила и Магдалена де Седеко, при резултат 2:1 за домаќините.

Член од тренерскиот тим на гостите се упати кон судијата Луис Алегре со пластично шише во рака, но арбитерот брзо реагираше и успеа да го совлада тренерот, кој заврши на земјата.

Полицијата мораше да интервенира поради хаосот на теренот, а натпреварот беше прекинат по инцидентот.

Погледнете го видеото во продолжение:

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран