ПРВ.мк

Ѓорческа беше дел од полуфиналето во Марибор

Ѓорческа беше дел од полуфиналето во Марибор
VERO Banner

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа имаше успешен настап на W75 турнирот во Марибор, каде избори пласман во полуфиналето. Таа за пласманот меѓу четирите успеа да освои и 29 поени што во секој случај ќе и помогнат при новото рангирање на ВТА листата за следната недела.

На турнирот во Марибор македонската тенисерка оствари три победи. Во првото коло ја совлада Петра Марчинко од Хрватска со 2-0 во сетови (64 64), а во втората рунда беше поуспешна во Французинката Жесика Понше со 2-1 во сетови (64 26 76(9)) во маратонски меч и воедно и се реваншираше за поразот на почетокот на сезоната на турнир во Франција. Во четвртфиналето Ѓорческа ја совлада Мариам Болквадзе од Грузија со 2-0 во сетови (76(5) и 63), откако ден претходно двете го предадоа мечот во игра на двојки (Ѓорческа и Болквадзе заедно настапуваа во двојки). Во полуфиналето македонската тенисерка беше поразена од Антонија Ружиќ од Хрватска со 2-0 во сетови (63 62).

Ова воедно преставува најдобро одигран турнир за Ѓорческа оваа календарска година.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран