Во полициската станица Бит Пазар, синоќа било пријавено исчезнување на три лица, малолетници кои биле доделени на згрижување кај лицето кое го пријавило случајот.
„На 22.03.2025 во 22.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.И.(41) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечиле М.С.(12), С.А.(16) и Н.Ј.(13) кои му се доделени на згрижување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“, стои во соопштението на МВР.