Настраданите во кочанската трагедија, кои се згрижени во бугарската болница „Пирогов“, се во стабилна, но сѐ уште тешка состојба. Некои од нив започнуваат да се подобруваат.
Третманот за лица со сериозни изгореници може да трае месеци и бара специјализиран тим и строга организација.
Ова го објасни професорката Маја Аргирова, која раководи со Клиниката за изгореници во Пирогов. Таа сама презема третман на девет пациенти повредени во дискотеката, а истовремено се грижи и за други пациенти со тешки изгореници од цела Бугарија.
„Пациентите со обимни изгореници бараат долготраен третман. Современите методи го скратуваат времето, но тоа трае од еден месец до месец и половина, а понекогаш и два или три месеци. Тоа е огромен предизвик за целиот тим на клиниката. Во такви моменти, сите се посветуваат и го прекинуваат одморот. Членовите на тимот кои не се на распоред веднаш реагираат“, изјави професорката Аргирова за БТВ.