ПРВ.мк

Временска прогноза: Подгответе се за огромни промени, погледнете какво време не очекува во наредниот период

Временска прогноза: Подгответе се за огромни промени, погледнете какво време не очекува во наредниот период
VERO Banner

Под влијание на влажни воздушни маси од југ, од утре се очекува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени дождови. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално, врнежите ќе бидат поројни и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер, кој ќе достигнува брзини над 60 километри на час.

УХМР најави дека од средината на следната седмица се очекуваат поинтензивни временски услови, кога на некои места ќе паднат над 20 литри дожд на метар квадратен за 24 часа.

Во Скопје, од утре ќе биде променливо облачно со повремени дождови и умерен до засилен јужен ветер. Во делови од котлината, врнежите понекогаш ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 0 до 6 степени, додека дневните температури ќе бидат од 12 до 19 степени.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран