Најблискиот соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Илон Маск, смета дека е потребно да се преземат мерки против кршењето на демократијата од страна на судството.
,,Треба да се направи нешто за да се запре повтореното и еклатантно кршење на демократијата од страна на судството. Тоа им е очигледно на сите” , напиша Маск, кој го води американскиот Оддел за владина ефикасност и е еден од најбогатите луѓе на светот.
Маск реагираше на веста дека судиите на американските Окружни судови издале рекорден број национални забрани против администрацијата на Трамп, што се смета за значителна злоупотреба на судската власт.
Некои американски конгресмени најавија дека ќе воведат законска регулатива за да се стави крај на оваа злоупотреба.