ПРВ.мк
Црна Хроника

Запалил оган на својот имот, па следувале пожарникари и полиција

Запалил оган на својот имот, па следувале пожарникари и полиција

Педесет и петгодишен жител на тетовското село Гајре бил лишен од слобода откако, додека го чистел сопствениот имот, запалил оган кој се проширил и предизвикал пожар на поголема површина.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера во 09:30 часот полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го привеле Р.С. (55).

Според пријавеното, на место викано „Мала Зецка“, под селото Гајре, тој го чистел својот имот од сува трева и нискостеблеста шума, при што запалил оган.

Пламенот набрзо се проширил и зафатил поголема површина.

Во гаснењето интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица Тетово и вработени во Шумското стопанство, по што пожарот бил целосно изгаснат.

Повредени лица нема.

По целосното документирање на случајот, против 55-годишникот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „предизвикување општа опасност“.