ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) СТРАШЕН ПОЖАР ВО ДЕСЕТКАТНИЦА: Има загинати — станари бегаат преку тераси и прозорци!

(ВИДЕО) СТРАШЕН ПОЖАР ВО ДЕСЕТКАТНИЦА: Има загинати — станари бегаат преку тераси и прозорци!

Во белгискиот град Антверпен избувна голем пожар во десеткатна станбена зграда, при што, според првичните информации, има загинати и повеќе повредени. Зградата е целосно евакуирана, додека пожарникарите продолжуваат со потрага по евентуални жртви.

Пожарот започнал на осмиот кат од објектот во населбата Линкерувер, а дојава била примена во утринските часови. Во зградата живееле над 200 лица, што ја направи евакуацијата исклучително тешка и хаотична.

Сведоштва од станари опишуваат драматични сцени – дел од луѓето биле принудени да бегаат преку прозорци и тераси поради густ чад во ходниците и блокирани излези. Според еден од жителите, прво дошло до прекин на струја, а само неколку минути подоцна се активирал противпожарниот аларм, кога чадот веќе се проширил низ зградата.

Пожарникарските служби од повеќе региони интервенираат на терен, заедно со итната медицинска помош и други спасувачки екипи. Дел од жителите се евакуирани со противпожарни скали од балконите, додека останатите биле извлекувани низ зафатените катови.

Полицијата апелираше до граѓаните во околината да ги затворат прозорците и вратите поради чадот, а каде што е потребно и да ја исклучат вентилацијата за да се спречи навлегување на токсични гасови.

Истражните екипи сè уште не соопштуваат точен број на жртви, бидејќи приоритет е спасувањето на луѓето и обезбедување на зградата. Причината за пожарот засега не е позната.

ВИДЕО