Во близина на селото Мрежичко се случи смртоносна несреќа при работа, во која животот го загуби 56-годишен маж, откако товарно возило паднало во провалија.
Според информациите од МВР, несреќата се случила додека се извршувал истовар на земја од камион „ман“ со кавадаречки регистарски таблички. Од засега непознати причини, возилото изгубило стабилност и завршило во провалија.
Возачот, 56-годишен жител на Кавадарци, починал на самото место од здобиените повреди. Смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош од Кавадарци.
На местото на несреќата интервенирале и специјални екипи, меѓу кои алпинистички тим од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, полицијата и пожарникарите, кои заедно со надлежните служби го извлекле телото и возилото од тешко пристапниот терен.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје, додека увид на местото извршиле обвинител и полициски екипи од Кавадарци.







