ПРВ.мк
Црна Хроника

ОТИШЛА НА КАПЕЊЕ СО СЕМЕЈСТВОТО, НО НЕ СЕ ВРАТИЛА: Во езеро се удави 43-годишна жена!

ОТИШЛА НА КАПЕЊЕ СО СЕМЕЈСТВОТО, НО НЕ СЕ ВРАТИЛА: Во езеро се удави 43-годишна жена!

Трагичен настан се случи во Хрватска, каде 43-годишна жена го загуби животот при капење во езерото Трстеник, во близина на Загреб, додека била со своето семејство.

Според информациите, несреќата се случила околу 20 часот. Жената влегла во водата, но по кратко време исчезнала под површината и повеќе не излегла. Во тој момент со неа биле 43-годишен маж и девојче.

Мажот, заедно со очевидци, успеал да ја извлече жената на брегот и веднаш повикал Итна медицинска помош. И покрај брзата реакција, лекарите можеле само да констатираат смрт на местото на настанот.

Од загрепската полиција соопштија дека при првичниот преглед на телото не биле забележани повреди што би укажувале на насилна смрт или кривично дело. Телото е пренесено во Заводот за судска медицина и криминалистика во Загреб, каде ќе биде извршена обдукција за утврдување на точната причина за смртта.

По трагедијата, полицијата повторно апелираше до граѓаните да се капат исклучиво на уредени и обезбедени плажи и да ги почитуваат основните безбедносни препораки. Меѓу нив се избегнување пливање веднаш по оброк или по консумирање алкохол, како и постепено влегување во водата по подолго изложување на сонце, за да се избегне температурен шок.

Надлежните предупредуваат и да не се скока во вода со непозната длабочина, бидејќи таквите постапки можат да доведат до тешки повреди и трагични последици.