Вчера попладнето околу 17:55 часот на крстосницата меѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелески“ во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мотоцикл.
Според МВР, сударот се случил помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од 54-годишниот А.К. од Скопје, и мотоцикл марка „Хонда“, управуван од 43-годишниот Е.К., исто така од Скопје.
Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен на лекување. Возачот на автомобилот и неговата сопатничка З.К. се здобиле со полесни повреди, кои им биле констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и во Градската болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Скопје, а истрагата за причините е во тек.