Тешка сообраќајна несреќа синоќа го потресе Охрид – 45-годишна жена го загуби животот, а уште три лица се повредени, откако млад возач со „Голф“ изгубил контрола и влетал во пешачка зона.
Несреќата се случила околу 22:30 часот кај кружниот тек меѓу булевар „Туристичка“ и улица „Јане Сандански“. Според полицијата, 22-годишниот возач од Пашино Рувци прво удрил во метален столб, а потоа во двајца пешаци – 45-годишна охриѓанка и 52-годишен маж од Скопје. Жената починала на лице место, а останатите биле пренесени во болница со сериозни повреди.Возачот и неговиот сопатник се повредени и задржани во болница, а по наредба на обвинител, осомничениот е приведен. Се истражува дали причината е пребрзо возење, алкохол или нешто друго?