Кривична пријава за телесна повреда е поднесена против 23-годишен жител на тетовско село, кој по претходна расправија во семејниот дом физички го нападнал својот татко.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 22 септември 2026 година.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Р. (23) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 22.09.2026, по претходна расправија во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот татко“, информираат од МВР.







