ПРВ.мк
Црна Хроника

КРВАВА ПРЕСМЕТКА НА ПАРКИНГ ВО ВЕЛЕС: Четири лица приведени, 31-годишна жена повредена со дрвен предмет!

КРВАВА ПРЕСМЕТКА НА ПАРКИНГ ВО ВЕЛЕС: Четири лица приведени, 31-годишна жена повредена со дрвен предмет!

Четири лица од струмичкото село Бањица биле приведени по физичка пресметка што се случила на паркинг во близина на училиштето „Панко Брашнаров“ во Велес.

Според информациите од СВР Велес, инцидентот се случил на 23 ноември, околу 22:40 часот, на улицата „Ангел Мишев“, во близина на локалитетот Мало Мовче.

Во физичката пресметка учествувале Н.В. (21), Т.М. (30), Б.Ј. (49), О.В. (49) и 31-годишната Л.М., сите жители на селото Бањица.

За време на инцидентот, 21-годишниот Н.В. со дрвен предмет ѝ нанел телесни повреди на 31-годишната жена. Повредите биле констатирани во Општата болница во Велес.

Полициските службеници го пронашле и го одзеле дрвениот предмет, а четирите лица биле приведени и задржани во полициска станица.