ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Автомобил прегазил жена - тешко е повредена!

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Автомобил прегазил жена - тешко е повредена!

Жена на возраст од 57 години се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од патничко возило на улицата „Христо Татарчев“ во скопската општина Кисела Вода.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 23 ноември 2026 година, во 17:10 часот, кога во полицијата било пријавено дека патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во 57-годишната А.М. од Скопје.

Со автомобилот управувал 65-годишниот В.Д. од селото Сопиште, Скопско.

Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на настанот увид извршила екипа на СВР Скопје.