ПРВ.мк
Балкан

УАПСЕН МАКЕДОНЕЦ: Полицијата спречи шверц на електрични цигари!

УАПСЕН МАКЕДОНЕЦ: Полицијата спречи шверц на електрични цигари!

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Владичин Хан, по налог на Основното јавно обвинителство во ова место, го уапсија македонскиот државјанин А. И. (54), откако во автомобилот со кој управувал пронашле 420 парчиња електрични цигари без документација.

Тој е осомничен за кривично дело недозволен промет со акцизни производи, соопшти Полициската управа во Врање.

Полицијата вчера, во близина на бензинска пумпа во Владичин Хан, во возилото „ситроен“ со кое управувал осомничениот пронашла 420 парчиња електронски цигари, без придружна документација.