Коска која наликува на дел од човечки череп била пронајдена на локацијата позната како „Лимојнивје“ во Крушево, информираат од полицијата.
Случајот бил пријавен на 23 ноември во 13:15 часот во Полициската станица во Крушево од страна на 42-годишен жител на градот, со иницијали М.Х.
По пријавата, полициски службеници, во координација со јавен обвинител, излегле на местото и извршиле увид.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Засега, сепак, не е утврдено дали пронајдената коска навистина потекнува од човек.





