ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВО БРУТАЛНО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Ја малтретирал сопругата и ѝ се заканувал со оружје!

НОВО БРУТАЛНО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Ја малтретирал сопругата и ѝ се заканувал со оружје!

Четириесетгодишен жител на Тетово е приведен откако неговата 39-годишна сопруга пријавила дека подолг период била изложена на физичко малтретирање и дека сопругот ѝ се заканувал со огнено оружје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Г. на 23 ноември, во 16:50 часот.

По приведувањето, мажот бил задржан во полициска станица, а при полициското постапување биле одземени ловечка пушка, пиштол со рамка, куршуми, како и дозволата за поседување оружје.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.