ПРВ.мк
Балкан

БРУТАЛЕН НАПАД ВО УЧИЛИШТЕ: Маскиран ученик повредил врсник!

БРУТАЛЕН НАПАД ВО УЧИЛИШТЕ: Маскиран ученик повредил врсник!

Полицијата во Словенија истражува инцидент што се случил во основно училиште во градот Чрномељ, на југоистокот од земјата, каде што еден ученик бил повреден во напад од друг ученик.

Според првичните информации од Министерството за образование, ученик со маска на лицето нападнал свој врсник користејќи остар предмет. Локалните медиуми јавуваат дека повредениот ученик не се здобил со тешки повреди.

Полициски екипи веднаш пристигнале во училиштето и започнале со утврдување на сите околности поврзани со инцидентот. Според сведочењата на очевидци и родители, пред образовната установа имало голем број полициски службеници и ученици. Родителите биле известени за случувањето.

Од Министерството за образование соопштиле дека се потресени од настанот и најостро го осудиле секој облик на насилство во училиштата.

„Училиштето мора да биде безбедно место и место на доверба. За вакво насилство не може да има оправдување, ниту смее да се намалува неговата сериозност“, се наведува во соопштението.

Полицијата продолжува да ги проверува информациите и да ги утврдува причините и околностите под кои дошло до нападот.