ПРВ.мк
Црна Хроника

ШЕТАЛЕ СО ФАНТОМКИ И ДРВЕНИ ПАЛКИ: Полицијата ја пронајде групата млади лица!

ШЕТАЛЕ СО ФАНТОМКИ И ДРВЕНИ ПАЛКИ: Полицијата ја пронајде групата млади лица!

Група млади лица со фантомки на главите и дрвени палки во рацете била забележана како се движи низ централното градско подрачје на Куманово. Случајот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Куманово во 00:12 часот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициските службеници успеале да ги пронајдат лицата, а предметите што ги носеле биле одземени.

„Лицата биле пронајдени, а предметите им биле одземени. Тие ќе бидат повикани во полициска станица, каде што со нив ќе се изврши службен разговор. По консултација со јавен обвинител, ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Постапувањето на полицијата продолжува, а по разговорите со лицата и консултацијата со јавен обвинител ќе следуваат натамошни мерки.