Шеесет и седумгодишен охриѓанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера претпладне во Охрид.
Според информациите од СВР Охрид, несреќата се случила околу 11:30 часот на улицата „15 Корпус“.
И.Б. (67) од Охрид, додека управувал мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Од здобиените повреди, 67-годишниот маж починал на местото на несреќата. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид.








