ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Нуркачи го пронајдоа телото на риболовецот Станко!

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Нуркачи го пронајдоа телото на риболовецот Станко!

Нуркачи во Скадарското Езеро го пронајдоа телото на Станко Пајовиќ, риболовец од населбата Врањ во Тузи, по кого се трагаше од саботата навечер.

Информацијата ја потврди Данило Мијајловиќ од Регионалниот нуркачки центар „Бијела“.

Членовите на семејството на Пајовиќ вчера соопштија дека тој во саботата во девет часот отишол на риболов. Последен пат се слушнале околу 14 часот, а само два часа подоцна неговиот телефон веќе бил исклучен.

Станко последен пат бил виден на Скадарското Езеро, во близина на Збељ, а во потрагата, покрај нуркачите, учествуваа и пожарникари, спасувачи од Главниот град и Тузи, службеници на МВР и мештани, додека езерото го надлетуваше и хеликоптер на Армијата на Црна Гора.

Потрагата на Скадарското Езеро дополнително ја отежнуваа временските услови, бидејќи водата била матна, а поради врнежите нивото на езерото било зголемено.