Седумдесетгодишна државјанка на Германија била пронајдена почината во хотел на кејот „Македонија“ во Охрид.
Случајот бил пријавен синоќа во 23:40 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид. По добиената пријава, на локацијата веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош.
Дежурниот лекар ја констатирал смртта кај 70-годишната Б.Х.К., германска државјанка.
При првичниот медицински преглед не биле забележани траги на насилство по телото на починатата.
По добиено овластување од Јавен обвинител, полициски екипи извршиле увид во хотелот каде што била пронајдена жената.
За да се утврдат точните причини и околности за смртта, по наредба на обвинителот, телото на починатата било предадено на обдукција.









