Трагичен настан е регистриран во прилепското село Беровци, каде 68-годишен маж бил пронајден без знаци на живот во нива во атарот на селото.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Битола во 07:33 часот, откако А.В. од Беровци го пронашол својот татко С.В. (68).
Кај починатиот била забележана прострелна рана во пределот на градниот кош.
На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош од Прилеп, а лекар можел само да констатира смрт.
Во возило на местото била пронајдена ловечка пушка, при што во цевката имало испалена чаура.
Полициски екипи извршиле увид, а за случајот бил известен и јавен обвинител. По негова наредба, телото на 68-годишниот маж било предадено на обдукција.
Надлежните продолжуваат со утврдување на сите околности поврзани со трагичниот настан, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на истрагата и обдукцијата.










