ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО МАКЕДОНИЈА: Три лица повредени, меѓу нив и 16-годишно дете

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО МАКЕДОНИЈА: Три лица повредени, меѓу нив и 16-годишно дете

Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат меѓу селата Добарце и Чифлик, во тетовско.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во СВР Тетово на 4 ноември, во 16:05 часот.

Во судирот учествувале патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот А.Ч. од селото Чифлик, и четирицикл, управуван од 34-годишниот Б.С. од селото Ларце.

Најтешко повреден е 34-годишниот возач на четирициклот, кај кого биле констатирани тешки телесни повреди.

Неговиот 16-годишен сопатник, како и 55-годишниот возач на автомобилот, се здобиле со телесни повреди.

Сите тројца биле прегледани во Клиничката болница во Тетово, каде што биле констатирани нивните повреди.

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово.

Причините и околностите под кои се случил судирот дополнително се утврдуваат.