Двајца малолетници на возраст од 14 години се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на 16 октомври во струмичкото село Муртино.
Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена околу 12:30 часот. Во неа учествувале трактор „ИМТ 533“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 57-годишниот Т.Т. од Муртино, и мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал 14-годишен малолетник од селото Банско.
При судирот, тешки телесни повреди добиле малолетниот возач на мотоциклот и неговиот 14-годишен сопатник, исто така од Банско.
Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица, каде што биле прегледани повредените момчиња.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Струмица. Околностите под кои дошло до судирот се предмет на понатамошно утврдување.







